Панама дефинитивно е едно од најпријатните изненадувања
во квалификациите за СП Русија 2018, откако обезбеди директен пласман на
турнирот идната година.
По синоќешните последни натпревари во квалификациите,
можевме и да ги проследиме и оние во групата на Северна и Централна Америка,
каде Панама го фати последниот воз со триумф на домашен терен над Костарика.
Најпрво гостите дојдоа до почетно водство, а домаќините
не бираа средства како да дојдат до победа, па така најнапред со еден крајно
контроверзен гол дојдоа до израмнување, а вреди да се издвои и еден детал во
самиот финиш од средбата.
Дете задолжено за топките, со брзина на светлината дотрча
да ја избие топката на гостинскиот фудбалер кој требаше да изведе од аут
линијата, тоа го направи за да задржи време, и, му успеа…
А, вреди да се погледне и крајно контроверзниот гол, од
кој, рака на срце Костарика не извисува во никој случај, бидејќи уште пред
синоќешната средба имаше виза за Мундијалот идната година.