Португалија директно на Мундијалот во Русија, Швајцарија преку бараж ќе се бори за место на турнирот

by
3 минути читање

Со вечерашните средби се комплетираше главната фаза во
квалификациите за Светското првенство во Русија кое се одржува идната година.

Интересно и докрај неизвесно беше во групата „Б“ каде
битка за директен пласман на турнирот водеа Португалија и Швајцарија.

Португалија на домашен терен пред своја публика обезбеди
триумф од 2-0, и со тоа го презеде лидерското место во групата и покрај тоа што
има ист број бодови со својот најголем ривал за првото место (27).

Џуру ги доведе домаќините во водство со својот автогол во
41. минута, а голот за конечни 2-0 од мечот во Лисабон го постигна Андре Силва
во 57. минута.

Од останатите средби, на Холандија и беше потребно чудо
од победа против Шведска за место во бараж фазата, на холандскиот селектор Дик
Адвокат му се удри од глава онаа изјава за тоа дека Швеѓаните не можат до
убедлива победа над Луксембург, а на крајот славеа со 8-0 со што ставија
недостижна предност за Холандија во однос на гол-разликата на табелата.

На крајот, Холандија славеше 2-0 во Аместердам со двата
гола на Архен Робен, за кого се чини вечерашниот меч значеше и последен настап
за него во дресот на неговата репрезентација.

 

Резултати од вечерашните средби:

Белгија – Кипар 4:0

Естонија – БиХ 1:2

Франција – Белорусија 2:1

Грција – Гибралтар 4:0

Латвија – Андора 4:0

Луксембург – Бугарија 1:1

Унгарија – Фарските Острови 1:0

Холандија – Шведска 2:0

Португалија – Швајцарија 2:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани