Гвардиола во Наполи ја пронајде замената за Менди

by
2 минути читање

23 годишниот
француски репрезентативец Бенџамин Менди летово стана најскапото засилување за
Манчестер Сити, кога станува збор за дефанзивната линија, но младиот фудбалер
едноставно немаше среќа, забележа четири настапи за премиерлигашот, се повреди
а неговата рехабилитација ќе трае четири месеци.

Сево ова го натера шпанскиот стратег од клупата на
Манчестер Сити, Пеп Гвардиола да бара солуции за дупката во одбраната која
осамна по повредата на Менди, па дел од медиумите на Островот откриваат дека
Гвардиола веќе го има решението за овој проблем.

Манчестер Сити во јануари се очекува да тргне сериозно во
обидот да се засили со 26 годишниот Алжирец, Фузи Гулам, а би го добил за
скромни 3 милиони евра.

Сумата на обештетување која Наполи би требало да ја добие
во јануари е скромна поради тоа што важечкиот договор на Алжирецот со
италијанскиот калчолигаш кој игра врвен фудбал во моментов, истекува идното
лето.

Преговорите помеѓу обата тима се очекува да почнат идната
седмица, кога Манчестер Сити и Наполи се среќаваат во Лигата на шампионите.

Гулам игра одлично во тимот на Наполи, засега ова а
сезона со 7 настапи е најстандардниот во дефанзивната линија заедно со
Кулибали, а имаат постигнато и по два гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани