Ерупција на Вембли: Хартиено авионче заврши во голот и предизвика хаос на трибините (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англија се зацврсти на лидерската позиција во
квалификациската група „Ф“ за пласман на Светското првенство во Русија кое се
одржува идната година, па така на едно коло до крајот на квалификациите е
сигурен патник на Мундијалот.

Долго англиските репрезентативци се мачеа како да го
најдат патот до мрежата од голот на гостите, а тоа им успеа дури во самата
завршница каде Кејн погоди за победа од 1-0.

Сепак, мошне интересен детал кружи низ социјалните мрежи,
а се чини дека целата слава од мечот кој се одигра на Вембли ја понесе едно
хартиено авионче направено од домашната публика, кое беше пуштено да лета од
огромна височина, а во моментот кога влезе во голот, настана хаос на
трибините…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани