Голманот на Боливија му одбрани се’ што можеше и не можеше на Нејмар, по крајот на мечот доби „подарок“ од него (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На едно коло до крајот на јужноамериканските квалификации
за пласман на СП Русија 2018, Бразил е сигурен патник на Мундијалот, а синоќа
одигра реми без голови на гостувањето кај Боливија.

На мечот во Ла Паз се истакна голманот на домаќините
Карлос Лампе кој долго ќе го памети неговото издание против една од најдобрите
фудбалски селекции во светот, посебно против еден од најдобрите фудбалери на
денешницава, Нејмар.

По крајот на мечот, Боливиецот доби „подарок“ од Нејмар,
и обајцата се разменија со своите дресови, а тоа би требало да е мошне вреден „сувенир“ за Лампе кој долго ќе го памети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани