Постои можност Светското првенство во фудбал кое се
одржува идната година во Русија да биде без Аргентина, на големите љубители на
фудбалот тоа не би им се допаднало, но сепак таква е моменталната ситуација во
јужноамериканските квалификации, барем засега.
Аргентина со синоќешното реми без голови пред своја
публика против Перу, на едно коло до крајот на квалификациите го загуби дури и
петтото место на табелата, поточно бодовно е на делба со Перу, но официјално се
води како шестопласирана селекција, а петтото место водеше во бараж фазата, водечките
четири одат директно на Мундијалот идната година.
Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси едноставно беше немоќен во синоќешниот меч, неговата игра имаше и лоши но и добри страни, на моменти, сепак, најголемата шанса ја имаше при еден зицер кој се чини дека мораше да ја затресе мрежата од голот на гостите, но до тоа не дојде…
Големото разочарување од овие квалификации се одрази
повторно на лицата на аргентинските фудбалери, а камерите го уловија и расположението на првата ѕвезда на тимот.
По мечот Аргентинците не беа расположени за давање на
изјави за јавноста, истото го направи и Лионел Меси кои ги одбегна новинарите, а неговиот израз на лицето беше во неверување по шокот од ремито без голови против Перу.