Ли Јонгхонг имаше проблеми при превземањето на Милан поради строгите закони на властите во Пекинг за инвестиции во странство, особено во фудбалски клубови.
Тој беше принуден да позајми средства од фондот Елиот за да ја комплетира зделката.
Оваа недела се појавија стории дека Ли Јонгхонг сега бара инвеститори и сака да продаде 25% од клубот за 200 милиони евра, пари со кои ќе го врати кредиот од Елиот кој достасува во октомври 2018.
Но тој би можел да биде во уште поголеми проблеми доколку се реализираат последните најави.
Имено, Кумунистичката Партија на Кина ќе одржи конгрес на 18. октомври и се говори дека ќе се изгласа нова рестрикција за инвестициите во странство.
Либеро вели дека еден ваков потег ќе го искомпликува животот на „Росонерите“, но не и на Интер, кој исто таа има сопственици од Кина.
Наводно Милан ќе треба да врати околу 200 милиони евра во Кина, пари кои фондовите Хуаронг и Хаишa ги инвестираа во клубот од Сан Сиро.