119
Бразил вечерва гостува кај Боливија во 17. коло во јужноамериканските мундијалски квалификации, претпоследно инаку, а во пресрет на вечерашната пресметка (22,00)
дел од медиумите пренесоа вест дека Паулињо, летното засилување на Барселона го
повредил Нејмар за време на тренингот на својата репрезентација.
За оваа ситуација се шпекулираше и дека фудбалерот на ПСЖ
кој летово ја напушти Барселона бил толку гневен на стартот на Паулињо што дури
и сакал физички да се пресмета со него, а нивните репрезентативни колеги
наводно спречиле поголем инцидент.
Повеќе нема дилеми, за ситуацијата на тренингот на Бразил
сведочи и видео од настанот кое го уловија камерите а тоа веќе излезе во
јавноста.