91
Мускрон и Мехелен одиграа реми со резултат 2-2 во
деветтото коло од белгиската Прва лига, но мечот во Мускрон го одбележа
голманот на гостинскиот табор, Колим Кусеманс кој му откина два бода на тимот
кој изненадува од стартот на тамошниот шампионат, моментално третопласиран на табелата.
Се играше самата завршница на овој натпревар кога
Кусеманс сам се бореше во казнениот простор на домаќините, најпрво не му успеа
со дриблинг да мине противнички фудбалер а потоа топката среќно стигна до него, асистираше до Кубот кој со својот удар ја смести топката во голот на
домаќините за голема радост во гостинскиот табор, посебно кај голманот кој беше
вистински херој во оваа ситуација во 92. минута од средбата.