Барселона втор
натпревар по ред ќе игра без поддршката на своите фанови. Откако против Лас
Палмас играше пред бразни трибини, ќе нема свои навивачи ниту на гостувањето
кај Атлетико Мадрид.
„Каталонците“
соопштија дека ги откажува сите апликации бидејќи Атлетико не може да го
обезбеди претходно договорениот број на билети поради логистички причини
Двата клуба имаат
пријателски односи, па целата збрка нема никаква врска со случувањата од изминатиов викенд и референдумот за
независност на Каталонија.
Имено Атлетико Мадрид
има околу 112.000 членови, од кои 57.000 имаат годишни билети. Ванда Метрополитано има капацитет од околу 68.000, па значи дека мал број на билети се
во слободна продажба.
„Колчонероси“
приоритет им даваат на сопствените фанови, побарувачката за нив е огромна
бидејќи е прва сезона на новиот стадион а особено сега за дерби пресметката со Барселона.
Според АС и Марка
сепак е можно околу 200 фанови на Барса да бидат на Ванда Метрополитано.
Приближно толку гостински фанови (само 194 билети беа понудени) имаше и на претходните
дуели со Малага и Севиља.
Против Челси во
Лигата на шампионите приказната сепак беше друга, правилата на УЕФА строго
налагаат 5% од капацитетот да биде наменет за гостински навивачи.