Состанок кој може да ја промени Премиерлигата

by
1 минути читање

Извршните директори на клубовите од Премиерлигата се во Лондон на состанок од кој зависи иднината на Премиерлигата.

Манчестер јунајтед, Сити, Челси, Тотенхем, Ливерпул и Арсенал сакаат нив да им припадне поголем дел од распределбата на ТВ правата.

Нивниот став е дека нивните натпревари се многу погледани во странство отколку на другите екипи од Премиерлигата, па според тоа треба да добијат и повеќе пари од останатите. Тие ја имаат поддршката уште од три клуба, Евертон, Вест Хем и Лестер.

Ставот на се уште поголемиот дел од клубовите е доколку се донесе ваква одлука, тоа ќе ја растури компетитивноста на Премиерлигата. Големите клубови уште повеќе ќе се оддалечат од малите и натпреварите нема да бидат толку неизвесни колку што се сега.

Големите клубови и онака се побогати поради заработката од маркетинг, тв билетите, учествата во европските купови, но богатите колку и да имаат, секогаш ќе сакаат повеќе.

Премиерлигата е најатрактивното и најгледано домашно првенство токму поради компетитивноста создадена од распределбата на ТВ правата. Според многумина во Англија таа е најдобро решена и датира уште од 1992 година.

Евентуалната промена можеби ќе биде подобра за најдобрите шест клуба, но никако и за лигата во целина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×