Барселона во јануари се враќа по ѕвездата на Ливерпул, понудата им е помалку смешна!

by
1 минути читање

Иако не им појде од рака да го добијат Фелипе Кутињо
изминатиов летен преоден рок, според најавите кои пристигнуваат од Шпанија, се
вели дека Барселона ќе има нови обиди во јануарскиот преоден рок, за што
подготвува и нова понуда за тоа.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона подготвува
понуда вредна 110 милиони евра за Бразилецот, ова е помалку чудно ако се земе
во предвид дека премиерлигашот не е заинтересиран за продажба на својот
најдобар фудбалер, а тоа во никој случај не би дозволил, посебно за понуда која
е помала од 200 милиони евра.

Најновата понуда која ја подготвува каталонскиот гигант
всушност изнесува 80+30, поточно 80 милиони евра и додатни 30 милиони евра на
основ на бонуси. Сепак, оваа понуда е дури и помала од онаа  најголемата досега која изнесуваше 130
милиони евра за 25 годишниот Бразилец, која исто беше одбиена.

Дека
Ливерпул има апсолутна моќ во преговорите помеѓу обете страни говори и фактот
што Кутињо има важечки договор со клубот од „Енфилд Роуд“ до 2022. година, а
Бразилецот мошне лесно се врати во својата препознатлива форма и покрај сите
случувања околу него изминатото лето, реализирајќи три погодоци во исто толку и
натпревари во последниов период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани