Хари Кејн почна да погодува во новата сезона и едноставно
не запира, Англичанецот постигна 13 погодоци во неговите осум последни настапи
за Тотенхем и својата репрезентација.
Според информациите кои пристигнуваат од Островот, тимот
од Лондон воопшто нема намера да се оддели од својот 24 годишен голгетер кој
игра во фантастична форма.
Кејн лани потпиша пет ипол годишен договор со Тотенхем и
стана најплатениот фудбалер во таа екипа.
Англискиот напаѓач е на листата на желбите на европскиот
првак Реал Мадрид, медиумите во Шпанија пренесуваат дека тамошниот првак е
подготвен да испрати понуда вредна фантастични 177 милиони фунти за Кејн, но, како
и да е, на Островот се шпекулира дека Тотенхем не сака да навлегува ниту во
преговори за продажба на нивниот најдобар фудбалер.