149
Карим Бензема со
години е прв голгетер на Реал Мадрид иако многумина веруваат дека тој со своите
игри не го оправдува ваквиот статус.
Французино важи
за милениче на Флорентино Перез, а ужива и голема доверба кај Зинедин Зидан.
Но според Дон
Балон, Флорентино Перез полека го губи трпението и првиот човек на „Кралевите“
конечно ќе даде зелено светло за ангажман на нов напаѓач.
Шампионот на
Шпанија и Европа сака нов „Галактико“ и желбата е Хари Кејн од Тотенхем, кој
игра во страшна форма во последните две сезони и на стартот од оваа.
„Спарси“ нема
лесно да се откажат од својата ѕвезда, па Реал Мадрид е подготвен да искешира
фантастични 200 милиони евра.