Гвардиола знае кој ќе го наследи Анчелоти во Баерн (ФОТО)

by
1 минути читање

Шампионот на
Германија е во потрага на нов тренер откако Карло Анчелоти доби отказ по
поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Две имиња се
посочуваат како главни фаворити, а тоа се поранешниот предводник на Борусија
Дортмунд, Томас Тухел и стратегот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман.

„Баварците“ веќе
донеле одлука и за својот избор го известиле Пеп Гвардиола, кој вчера
пристигнал на Октоберфест, а поестата на Минхен ја искористил и за средба со своите
поранешни работодавци.

Шпанецот денес имал
средба со Карл Хајнц Румениге и Ули Хенес.

Првиот човек на
Баерн го потврди ова и рече: „Се работеше за чисто пријателски разговор но
секако дека разменивме идеи. Му кажав кого ќе го именуваме за нов тренер во
следните денови и тој целосно се сложи со нашиот избор
.

Медиумите од
Германија, судејќи според ваквата изјава, велат дека Томас Тухел е изборот на
Баерн Минхен, бидејќи Пеп Гвардиола има високо мислење за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×