Паулињо го повредил Нејмар на тренинг, навивачите на Барса се насладуваат, но…

by
2 минути читање

Во денешно време
фудбалските шпекулации лесно започнуваат, доволно е само еден пост на
социјалните мрежи.

Таква е и
сторијата за Паулињо и Нејмар, новото засилување на Барса на денешниот тренинг
опасно стартувал врз напаѓачот и го повредил.

Навивачите на
Барса се насладуваат, и го величат својот нов играч со оглед на тоа дека Нејмар
за нив е голем предавник.

Некоу дири и
шпекулираат дека Нејмар бил толку лут што во соблекувалната сакал физички да се
пресмета со Паулињо, а соиграчите спречиле тепачка.

Но целата сторија
веројатно е лажна, ниту еден голем и релавантен извор од Бразил нема пишано за
ваков инцидент. Ниту пак извори блиски до Барселона и ПСЖ, давата клуба кои
најмногу се засегнати во ваквата ситуација.

Веста најпрво беше објавена на еден Твитер профил на Арапски, а потоа ги преплави социјалните мрежи.

Вреди да се напомене дека Нејмар подолго време влече повреда на прстот на ногата, поради која и прескокна еден натпревар на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани