75
Герет Бејл се пожали на повреда на дуелот со Дортмунд и не тренираше една недела, но се веруваше дека не се работи за нешто посериозно.
Тој доби повик од Велс за дуелите со Грузија и Ирска во квалификациите за мундијалот во Русија, но тестовите кои ги направи откако и се придружи на репрезентацијата донесоа нови лоши вести.
Герет Бејл има повреда на листот на левата нога и се прогнозира дека тој ќе биде надвор од стројот еден месец.
Реал Мадрид сега ќе треба да направи нови тестови и официјално да ја потврди повредата на Велшанецот, кој мака мачи со повредите изминатиов период и повеќе е повреден отколку што игра.