Таткото на Нејмар повторно говореше за сензационалниот
трансфер на неговиот син во француски ПСЖ изминатово лето за рекордна сума од
222 милиони евра, па во интервју за „Telefoot“ ги објасни причините за заминувањето на неговиот
син од Барселона, тврдејќи дека парите не биле пресудни.
„Неговите пријатели Меси, Суарез, Ракитиќ и Пике
постојано се обидуваа да го убедат да остане во тимот, тоа беше премногу тешко
бидејќи Нејмар навистина сакаше да замине“ тврди тој.
Сепак, конечната одлука на Нејмар да премине во ПСЖ за
момент била изненадувачка за неговиот татко, кој вели дека парите не биле
пресудни.
„Тој го посакуваше овој предизвик и ние го поддржувавме
во тоа. Но, неговата одлука да дојде во Париз за мене беше изненадувачка. Ние
имавме понуда лани но не постигнавме договор, овој пат Париз Сент Жермен понуди
нешто што беше навистина интересно, идејата за освојување на Лигата на
шампионите и лигата премногу му се допадна на Нејмар“.
„Ќе бидам искрен, јас бев тој што се двоумеше до
последниот момент… Му кажав на Нејмар дека треба да биде опуштен, дека е во
релаксирачна зона во Барселона така што најдобро за него е да остане во клубот,
но тој сакаше да си замине, да се стави во опасност, прифати голем ризик…“
додаде тој.