Венгер со свој коментар во однос на можноста Барселона да игра во Премиерлигата

by
1 минути читање

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу по случувањата
околу референдумот за независност на Каталонија не пропушти прилика да истакне
дека постои можност Барселона да го напушти шпанското првенство доколку таа
шпанска покраина прогласи независност.

Светските медиуми на големо шпекулираа дека Барселона би
можела да се пресели во Премиерлигата, особено по изјавата на
министерот за спорт на Каталонија, Џерард Фигуерас кој истакна дека клубот ќе може да одлучи каде да се натпреварува, а како една од опциите ја спомена Англија.

Свој став во однос на оваа вест која одекна како бомба во
фудбалска Европа има и францускиот стратег од клупата на Арсенал, Арсен Венгер.

Доколку Барселона сака да се приклучи во Премиерлигата,
тоа додатно на сите би им ги отежнало работите. Тоа е интересно и ќе има
инциденти во спортска смисла на зборот, бидејќи Барселона е политички клуб. Ќе
биде интересно да се види како би одговориле на играта во нашиот шампионат.
Имаме доволно клубови, но доколку сакате да ја зголемите бројката од 20 на 24,
пред шпанските, мораме да ги повикаме и шкотските клубови
“ истакна Венгер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани