Газдата на Милан во проблеми, фановите стравуваат од најлошото

by
2 минути читање

Според информациите кои пристигнуваат, кинескиот газда на
Милан, Ли Јонгхонг е во потрага на купувач за неговите 25 отсто од акциите во
италијанскиот калчолигаш, истите на пазарот се нудат за вкупно 200 милиони
евра, но проблемот е во тоа што нема за интересирани купувачи.

Одредени медиуми на големо пишуваат дека власта во Пекинг
им го свртела грбот на новото раководство на Милан од Кина, или поточно кажано,
постои закон кој не им дозволува фудбалско-финансиски да се вложува вон таа земја.

Ли Јонгхонг верувал дека ќе му помогнат домашни
инвеститори, но никој во Кина не сака да се меша поради неговиот негативен публицитет,
тој нема баш добра репутација во својата земја најмногу поради финансиските
малверзации кои ги имаше во минатото.

Она што е јасно, Ли Јонгхонг за да го презеде целосно
Милан и да исплати 800 милиони евра, најпрво мораше да земе кредит од 300
милиони евра, кој сега мора да се исплаќа, овој месец за наплата пристигнаа 80
милиони евра за него, а финансиски средства за покривање на истиот нема, по што
тој се одлучи да продаде 25 отсто од сопствеништвото во клубот за 200 милиони
евра.

Газдата на Милан мора тој долг да го подмири, а фановите на клубот веќе на големо стравуваат дека на нивниот омилен
клуб може да му се случи она најлошото, целосно да пропадне идејата за „новиот
Милан“ кој беше граден изминатово лето со вкупно 15 засилувања во тимот.

Како за потсетување, калчолигашот од Милано во летниот
преоден рок потроши 220 милиони евра за засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани