Како што се
очекуваше, Жерард Пике доби жесток пречек на тренингот со „Црвената Фурија“.
Фудбалерот на
Барса не е омилен лик во Шпанија поради неговото јавно залагање за независнот
на Каталонија, а ситуацијата дополнително се влоши по вчерашниот референдум и
инцидентите кои се случија во Барселона, каде полицијата употреби брутална сила
за да го попречи гласањето.
Во тек е голема
дебата дали играчот треба да ги брани боите на националниот дрес, а фановите
кои вечерва го следеа тренингот на „Црвената Фурија“ во Лас Розас јасно кажаа
што мислат.
Дефанзивецот на
„Каталонците“ доби навреди и свирежи, од трибините се слушаа скандирања како
„Пике, глупаку, Шпанија е твојата земја“ и „Пике, глупаку, оди си од
репрезентацијата“. Имаше и неколку пароли со навредливи содржини кои беа тргнати по интервенција на полицијата.
Самиот играч
вчера изјави дека е подготвен да го напушти националниот тим доколку луѓето од
федерацијата или пак селекторот го побара тоа од него.
Шпанија се подготвува за двата последни натпревари од квалификациите против Албанија и Израел.