Идното лето продолжуваат преговорите за трансфер на
Антоан Гризман, офанзивецот на Атлетико Мадрид, за преселба во редовите на
Арсенал, но се чини дека обата клуба нема да бидат во преден план во
преговорите, туку тоа ќе го прави неговиот најдобар пријател, Александре
Лаказет, неговиот соиграч од репрезентацијата на Франција.
„Ние сме најдобри пријатели, јас го нарекувам Гризи, тој
мене Лаказ. Ми вети дека идното лето ќе ме посети во Лондон, а кога ќе дојде ќе
продолжам да го убедувам да премине во Арсенал“ најави скапото засилување за
тимот од Лондон изминатото лето, Александре Лаказет за кого премиерлигашот на
Лион му исплати 52 милиони фунти.
Речиси сигурно е дека Арсенал идното лето ќе остане без
својот најдобар фудбалер, Чилеанецот Алексис Санчез, чиј договор истекува токму
тој период, па тимот ќе мора да пронајде адекватна замена за него, а се чини
дека веќе има одлична можност тоа да го направи токму во Гризман, кој
своевремено се поврзуваше со Манчестер јунајтед.