Реал Мадрид остварил контакт со човек близок до Чаби Алонсо и почнал да опипува терен за ангажман на стратегот, се шпекулира дека Баер Леверкузен ќе бара сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.
По елиминацијата на Реал Мадрид од Арсенал во Лигата на шампиони, се почесто се говори дека Карло Анчелоти ќе го напушти кормилото на „кралевите“ а Чаби Алонсо се посочува како главен кандидат за жешкото столче на „Бернабеу“.
Последните информации велат дека Реал Мадрид остварил контакт со Ињаки Ибањез, главниот советник на Чаби Алонсо и почнал да се опипува терен за ангажман на стратегот.
Во моментов нема контакт помеѓу двата клуба, но во Баер Леверкузен не се изненадени од ваквиот развој на настаните и се свесни дека лесно може да се случи да останат без Чаби Алонсо.
Но тие планираат добро да наплатат и ќе бараат помеѓу 15 и 20 милиони евра за да го ослободат Шпанецот од обврските.