Лион прокоцка победа на гостувањето кај Ангерс во осмото
коло од француската Лига 1, гостите имаа предност од 1-3 се’ до 58. минута,
само осум минути претходно се’ им тргна наопаку, и тоа поради еден бизарен момент.
Бразилскиот дефанзивец на гостинската екипа, Марсело,
најпрво доби опомена во жолт картон во 50. минута, тој одмавна со рацете
гестикулирајќи незадоволство од оваа одлука на судијата, а потоа намерно, или
пак ненамерно за момент го поткачи картонот, по што истиот падна на теренот, а
главниот арбитар на мечот, Лесаж веднаш го испрати во соблекувалната,
доделувајќи му уште еден жолт картон, по автоматизам и црвен.
Дали имаше намера кај Марсело да го направи тоа што
судијата го помисли, проценете самите…