136
Барселона побара денешниот натпревар против Лас Палмас да биде одложен откако на улиците настана хаос по обидот на властите од Мадрид да го спречат референдумот за независност на Каталонија.
Но Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија наредија средбата да се одигра во планираниот термин, па на Барса и се закануваше службен пораз и одземање бодови.
Затоа „Каталонците“ истрчаа на теренот но средбата се играше зад затворени врати.
На оваа тема вечерва се огласи Пеп Гвардиола, кој рече: „Јас немаше да играм против Лас Палмас. Ако мораше да се игра, тогаш тоа ќе беше со публика а не зад затворени врати“.