„Росонерите“ беа далеку најактивни во Калчото изминатово лето, откако клубот премина во рацете на кинеските газди, на Сан Сиро пристигнаа дури 10 нови имиња и беа потрошени преку 200 милиони евра.
Но резултатите на стартот од сезоната се под очекувањата, Милан вечерва загуби пред своите фанови од Рома, што е трет пораз во првите седум кола.
Винченцо Монтела сега форсира формација 3-5-2, која не ги дава посакуваните резултати, па стратегот беше запрашан дали планира да го промени стилот на игра и да се врати на 4-3-3.
Тренерот на „Росонерите“ како одговор се пожали дека ги немал правите играчи за една ваква формација, односно крилни фудбалери кои ќе даваат од 12 до 15 голови во сезона.
„За 4-3-3 ни требаат крилни играчи кои ќе даваат од 12 до 15 погодоци“ – вели Монтела. „На пример Инсиње дава 15 голови, Каљехон помеѓу 12 и 15 погодоци. Ние немаме такви играчи“.
Па многумина се зачудени како на толку многу купување, стратегот не се осигурал и за евентуален план Б.