Интер прокнижи нови три бода, избраниците на Лучано Спалети попладнево славеа против новајлијата Беневенто благодарејќи на одличното издание на Марсело Брозовиќ.
Хрватот го отвори резултатот во 19. минута, на асистенција на Кандрева, со глава ја затресе мрежата на домаќините.
Три минути подоцна, Брозовиќ одново се запиша во листата на стрелците. Овој пат постигна прекрасен гол од слободен удар, биеше во аголот неодбранливо за 0-2.
До крајот на првиот дел, Беневенто намали на 1-2, стрелец на погодокот бееш Д’Алесандро.
Лацио го „торпедираше“ Сасуоло со 6-1, Кеиво пред своите фанови со 2-1 ја совлада Фиорентина, Торино одигра само 2-2 со Верено, а средбата помеѓу СПАЛ и Кротоне заврши 1-1. На првиот денешен натпревар, Наполи рутински со 3-0 триумфираше над Каљари.