794
„Граѓаните“ имаа
доминантна партија на Стемфорд Бриџ, со игра каква што обожава Пеп Гвардиола: посед на топка од 62% и речиси двојно повеќе додавања од противникот.
Челси беше опасен
само до 35. минута кога поради повреда играта ја напушти Алваро Мората. Откако
Шпанецот беше повлечен од игра, „Сините“ не одиграа на потребното ниво, а
противникот го диктираше темпото.
Кличниот момент
на средбата се случи во 67. минута, Де Брујне имаше двојно додавање со Жесус и
потоа биеше неодбранливо од врвот на шеснаесетникот за 0-1.
Белгиецот, кој во
2014 го напушти Стемфорд Бриџ, сега го реши „својот“ Челси и го врати Манчестер
Сити на врвот на табелата.