Погба се враќа на терените дури во ноември?

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед тргна со победа од 3-0 во Лигата на
шампионите, против швајцарски Базел пред своја публика, но уште во раната фаза
на тој меч го загуби најскапото засилување, Пол Погба.

Португалскиот стратег од клупата на Манчестер јунајтед,
Жозе Мурињо неговата повреда ја коментираше како грешка на фудбалерот, кој
своеглаво бил виновник за повредата на бутниот мускул.

Иако се очекуваше брзо враќање на терените, сепак,
Французинот ќе има малку подолга рехабилитација од што се најавуваше, барем
според зборовите на Мурињо на денешната пресконференција во пресрет на
утрешниот дуел против Кристал Палас на домашен терен во рамките на седмото коло
од Премиерлигата.

Тој е повреден, нема да игра утре, за вакви повреди кои
ги оддалечуваат фудбалерите на подолг период вон терените, едноставно не
зборувам, така да не би сакал да говорам конкретно за Ибрахимовиќ, Погба,
Рохо…“
издвои Мурињо а фактот што повредата на Погба ја коментираше за „подолг
период“, медиумите на Островот пренесуваат дека Французинот нема да се врати во
текот на октомври, како што се најавуваше претходно, туку кам бекот би го
направил дури во ноември.

Со тоа, Манчестер јунајтед ќе биде без Погба на дуелите
со Кристал Палас, Ливерпул, Хадерсфилд и Тотенхем во Премиерлигата, односно
двата меча против Бенфика во Лигата на шампионите, како и Свонси во Лига Купот,
а прашање е дали ќе се врати и на гостувањето кај Челси на 5. ноември во
рамките на најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×