Вардар со пораз од 3-1 се врати од гостувањето кај
Розенборг во Норвешка во рамките на второто коло од групата „Л“ од Лига Европа,
а блескаво издание кај домаќините имаше 29 годишниот Никлас Бендтнер кој
едноставно се „препороди“ во тимот од Трондхајм.
Бендтнер синоќа постигна еден гол, а притоа реализираше и
мајсторска асистенција при еден гол за својот тим, и тоа ни помалку ни повеќе,
туку со петта среде цела вардарова одбрана, ова не мина незабележително од
страна на медиумите, па тој освен што е во фокусот на вниманието во норвешката
јавност, се најде и во центарот на вниманието на целата европска јавност.
Се надзира уште еден тежок пораз: Бендтнер асистираше со петта сред цела вардарова одбрана, биеше Хеденстад (ВИДЕО)
Инаку
Данецот има феноменална статистика во норвешкиот клуб, 14 погодоци на 22
средби, барем засега.