Враќајки се со такси од концерт во Холандија, Агуеро доживеал сообраќајна несреќа откако таксистот со голема брзина удрил во столб.
Аргентинецот денеска се враќа во Манчестер каде ќе биде прегледан од клупските доктори на Сити.
„Серхио Агуеро денеска ќе биде прегледан од клупските доктороти по сообраќајниот инцидент кој се случи“ – стои во соопштението на Манчестер Сити.
„Напаѓачот на Сити беше во Холандија на својот слободен ден и се здоби со повреди“.
„Утринава ќе се врати во Манчестер и ќе биде проверен неговиот статус пред утрешниот натпревар од Премиерлигата против Челси“.
Првичните прогнози се дека Агуеро околу два месеци ќе биде надвор од теренот, но точните информации треба да пристигнат во текот на денешниот ден.