ЛЕ: Хофенхајм падна во Разград, Динамо Киев со луд пресврт во Белград, Кутроне го извади Милан против Ријека (ВИДЕО)

by
6 минути читање

Како и вообичаено, долга листа на натпревари за Лига
Европа, стандардно за четврток, откако финишираа оние од 19 часот, веќе
бележиме и крај на средбите во 21,05 часот.

Италијанскиот калчолигаш Милан важи за еден од фаворитите
за освојување на второто по ранг европско клупско натпреварување оваа сезона, но
тимот од Милано на домашен терен се намачи во мечот против хрватскиот првак
Ријека во рамките на групата „Д“,триумфирајќи со 3-2, а гостите имаа реми во
рака се до самиот финиш од средбата.

Милан прв поведе со голот на Силва во 14. минута, Мусакио
зголеми на 2-0 во 53. минута, и кога сите очекуваа сигурен триумф на фаворитот,
настапи Ријека со два гола во финишот, најнапред Акости во 84. минута намали на
2-1, а веќе во 90. минута Елез од пенал израмни на 2-2. Сепак, на сцена во
фото-финишот му донесе значајни три бода на својот тим од оваа средба.




Од останатите средби го бележиме ремито на Евертон со кипарски
Аполон од 2-2, гостите први поведоа на мечот во Ливерпул и тоа со голот на
Адриан во 12. минута, Руни возврати за 1-1 само девет минути подоцна, а голот
за водство на домаќините го постигна Влашиќ во 66. минута, конечните 2-2 за шок
на домаќините ги постави Јусте во 88. минута на мечот во рамките на групата „Е“
во која во дербито на оваа конкуренција Лион одигра реми со резултат 1-1 на
домашен терен против Аталанта, која претходно тргна со победа од 3-0 над
Евертон во првото коло. Траоре го доведе францускиот тим во водство од 1-0 во
45. минута, а гостите израмнија со голот на Гомез во 57. минута.

Го бележиме и триумфот на бугарски Лудогорец, прв за нив
во групата „Ц“ по ремито кај Истанбул Башакшехир во првото коло (0-0). Тимот од
Разград овој пат преку пресврт славеше над Хофенхајм со 2-1. Гостите преку
Кадерабек уште во 2. минута поведоа со 0-1, а домаќините со два гола во второто
полувреме, најнапред во 46. минута преку Дјаков, а потоа и Лукоки во 72. минута
стигнаа до првиот триумф во Лига Европа сезонава.


Партизан доживеа шок на мечот со Динамо Киев, од веќе „добиен
натпревар“, истиот го сведе на пораз од 2-3, откако најпрво имаше водство од
2-0 со погодоците на Озеговиќ во 34. односно Тавамба во 42. минута. Во второто
полувреме Украинците со головите на Мораеш од пенал ов 54. минута и Бујалски во
68. минута најнапред стигнаа до израмнување, а веќе во 84. минута Мораеш со
својот втор гол на мечот ги постави и конечните 2-3 од мечот во Белград кој се
одигра во рамките на групата „Б“, каде Скендербеу ремизираше на домашен терен
против Јанг Бојс со 1-1.





Резултати од натпреварите кои се одиграа во терминот од
21,05 часот
:

Милан – Ријека 32

АЕК – Австрија Виена 2-2

Брага – Истанбул Башакшехир 2-1

Евертон – Аполон 2-2

Локомотив Москва – Злин 3-0

Лудогорец – Хофенхајм 2-1

Лион – Аталанта 1-1

Макаби Тел Авив – Вилјареал 0-0

Партизан – Динамо Киев 2-3

Шериф Тираспол – Копенхаген 0-0

Скендербеу – Јанг Бојс 1-1

 

Извештајот од натпреварите кои се одиграа во 19 часот
проследете го – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани