192
Белградска Црвена Звезда го направи едно од најпријатното
изненадување од вечерашните натпревари во второто коло од Лига Европа, откако
во групата „Х“ стигна до првиот триумф, и тоа на гостувањето кај Келн во
Германија со голот на Боачи.
Сепак, на мечот во Келн имаше голема бројка на фанови на
српскиот тим, па иако имаше огромно полициско обезбедување, сепак денот во Келн
мина и со инциденти откако дојде до судир помеѓу германски и српски навивачи.
Сепак, брзо реагираше полицијата и спречи се чини дека
многу поголем инцидент од тоа како почна овој судир со фрлање на столици и
разни други предмети меѓусебно.