По Нејмар и Кавани, сега Мбапе е незадоволен, Французинот му се налути на Емери

by
1 минути читање

ПСЖ вчера лесно со 3-0 го совлада Баерн Минхен и покажа дека инвестициите во тимот направени изминатово лето го прават уште посилен.

Но преголемиот број на ѕвезди во тимот му создава главоболки на тренерот Унаи Емери, кој очигледно ќе има тешка задача да ги задоволи сите.

По расправијата помеѓу Нејмар и Единсон Кавани за тоа кој да изведува пенали, сега незадоволство изрази и Килијан Мбапе.

Младиот Французин имаше одлична партија против „Баварците“, му асистираше на Кавани а и добро го „измеша“ Алаба при голот на Нејмар.

Сепак, тој остана разочаран кога Унаи Емери реши да го повлече од игра во 79. минута и на негово место да го пушти Анхел Ди Марија.

Килијан Мбапе не ја прифати оваа одлука добро и по крајот на средбата го призна тоа: „Бев лут што ме заменија? Кој е среќен кога ја напушта играта? Тренерот е тој кој одлучува како ќе ја менаџира минутажата. Имаме многу квалитетни играчи во составот. Анхел Ди Марија е голем играч па и тој треба да игра“.

„Никогаш не сум бил среќен кога ме повлекувале од игра, па нема да бидам ниту во иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×