Навивачите на Баерн Минхен со порака до ПСЖ, во истата се најде и Нејмар (ФОТО)

by
1 минути читање

ПСЖ го „среди“ Баерн Минхен совладувајќи го пред својата
публика со 3-0 во Лигата на шампионите.

Сепак, на трибините гостите имаа и своја поддршка, а тие
извадија транспарент со кој ги критикуваа домаќините.

75 евра за влезница? Ние не сме Нејмар. Цените на
влезниците мораат да бидат разумни
“ пишуваше во нивната порака алудирајќи на
високите цени на влезниците за дерби мечот во Париз.

Дури и за германските стандарди беа високи цените на влезниците за мечот во Франција, а тие не заборавија и да напишат нешто во конотација на скапиот трансфер на Нејмар во ПСЖ ова лето за неверојатни 222 милиони евра.

Фото: Bayern Munich (Twitter)

 

Фото-вест: uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×