338
25 годишниот македонски репрезентативец и член на
Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски дефинитивно нема да има никаква прилика за
настап против гигантот Барселона вечерва.
Португалскиот тим на домашен терен ја пречекува Барселона
во второто коло од групата „Д“ од Лигата на Шампионите, но стратегот од клупата
на домаќините, Жорге Жесус се реши Стефан Ристовски да не го стави ниту во
почетниот состав, ниту пак за клупата за резервни фудбалери.
Како за потсетување, Ристовски дебитираше во Лигата на
шампионите во воведното коло во гостинската победа на неговиот тим кај
Олимпијакос со 2-3, а влезе во завршницата од тој натпревар.