Атрактивни голови на Ангиса и Ндоје, реми на Болоња и Наполи во калчото (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Болоња и Наполи го поделија пленот (1-1) во последниот натпревар од 31. коло на италијанското првенство.

Тимот кој се бори за титула не успеа да победи на ова тешко гостување, а со тоа не направи ниту чекор кон лидерот Интер. Наполи успеа да поведе во 18. минута со голот на Замбо Ангиса. Играчот за врска даде убав гол претрчувајќи половина терен со топка и на крајот дури го издрибла и голманот.

Водеше Наполи до 64. минута, а тогаш падна гол претендент за наградата Пушкаш. Дан Ндоје даде ефектен погодок со пета за израмнување на 1-1, резултат кој се испостави како конечен.

Наполи не го искористи киксот на Интер и остана на минус три со 65 бода. Болоња, пак има 57 и се наоѓа на последното место кое води во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани