Милан може да се најде во проблем, особено бидејќи веројатно нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Ако не настапи ниту во Лигата на Европа, финансискиот удар ќе биде огромен и „росонерите“ многу веројатно ќе треба да продаваат некоја од ѕвездите.
Еден од најдобрите играчи сезонава е Тијани Реијндерс, а Холанѓанецот со одличните партии е на мета на два великани. Станува збор за Манчестер Сити и Реал Мадрид, кои неколку месеци ги следат неговите настапи. Сепак, за да се случи таков трансфер заинтересираните ќе мора сериозно да се истакнат финансиски.
Причината за такво нешто е фактот што Реијндерс неодамна потпиша нов договор со Милан до 2030 година. Според информациите на Италијанците, клубот би прифатил понуда во рангот на онаа за која го продадоа Сандро Тонали, некаде околу 80 милиони евра.
Желбата на Милан секако е да го задржи, ама со сигурност нема да биде лесно особено ако не играат во Европа.