Јуриќ испиша негативна историја и веднаш доби отказ од Саутемптон

by bojan
1 минути читање

Саутемптон утрово се раздели со тренерот Иван Јуриќ, хрватскиот стратег издржа само 107 дена на кормилото на „светците“.

Саутемптон изминатиов викенд испиша негативна историја, стана тимот кој најрано испаднал од Премиерлига, откако по поразот од Тотнем, на седум кола пред крајот на сезоната повеќе немаат ниту математички шанси за спас.

Па раководството на клубот реши веднаш да се раздели со тренерот Иван Јуриќ, кој седна на жешкото столче на крајот од декември и издржа едвај 107 дена.

„Можеме да потврдиме дека денеска постигнавме согласност со Иван Јуриќ за прекин на соработката“ – гласеше соопштението на „светците“.

До крајот на сезоната, Сајмон Раск ќе го предводи првиот тим на Саутемптон на привремена основа, асистент ќе му биде Адам Лалана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани