108
Бешикташ сосема заслужено стигна до нов триумф во групата
„Г“ од Лигата на шампионите, по славјето на гостински терен кај Порто (1-3),
тимот од Истанбул славеше и пред својата публика над Лајпциг (2-0).
Сепак, вреди да се издвои фактот што мечот на „Водафон“
арената поради бизарна ситуација мораше да биде за момент и прекинат, а
причината е поради техничките проблеми кои настанаа во однос на рефлекторите,
поточно дел од нив се изгасија, а тоа не им претставуваше на домашните навивачи
да направат атмосфера за паметење…
— Çağdaş Sevinç (@cagdassevinc) September 26, 2017