Медиумите од Англија пренесуваат дека УЕФА нема да ја признае скандалозната зделка со која Челси сам на себе си го продаде женскиот тим и ќе ги казни „сините“ за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.
„Сините“ оваа недела соопштија добивка од 128,4 милиони фунти за финансиската година 2023/24, но до ваква бројка стигнаа со скандалозна зделка откако сами на себе си го продадоа женскиот тим за 200 милиони фунти.
И додека Премиерлигата може да им прогледа низ прсти, УЕФА нема да го смета овој приход како реален.
Па без оваа трансакција, Челси ќе има загуба од околу 358 милиони фунти за последните три сезони, што е двојно повеќе од дозволениот лимит на УЕФА од 170 милиони фунти.
Се најавува дека Европската куќа на фудбалот ќе го санкционира тимот од Стемфорд Бриџ, и исфрлање од Европа е една опција.
Сепак, за очекување е Челси да добие само парична казна и условно исфрлање од Европа доколку не ги балансира сметките во иднина.