Инсиње го постигна првиот гол вечерва во ЛШ и го посвети на Милик! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италијанскиот калчолигаш Наполи е екипата на која треба
да и се обрне внимание сезонава, иако стартуваше со пораз кај Шахтјор во првото
коло од групата „Ф“, а со тоа беше сопрена нивната фантастична серија од шест
победи во низа, се вратија на победничките патеки со три победи во низа, а им
се насмевнува и четвртата.

Наполи поведе со 1-0 над Феенорд во второто коло од
Лигата на шампионите, а водечкиот гол за домаќините го постигна Инсиње во 7. минута,
по една загубена топка на гостите, по што Италијанците веднаш казнија.

Она што е за поздрав, Инсиње голот го посвети на неговиот
соиграч Милик кој поради повреда ќе биде вон фудбалските терени подолг период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×