Вечерва во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути се
играат осум средби од второто коло во групите од Лигата на шампионите, а
дербито на вечерта се игра во Дортмунд, каде германскиот бундеслигаш Борусија
на домашен терен пред својата публика го пречекува бранителот на титулата во
Европа, Реал Мадрид.
Почетните состави за сите вечерашни средби веќе излегоа
на сајтот на УЕФА, па така можеме да ги видиме оние и за средбата во Дортмунд.
Францускиот стратег од клупата на гостите, Зинедин Зидан
се реши за следниве фудбалери: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Начо, Роналдо,
Крос, Модриќ, Бејл, Касемиро и Иско.
Она што е интересно, поради повредата на Бензема, Зидан
се реши да направи една мошне интересна комбинација во нападот, таму
најофанзивната тројка ќе ја сочинуваат Бејл и Иско по страничните позиции,
додека пак голови ќе се очекуваат од Роналдо.
Холандскиот фудбалски стратег од клупата на домаќините,
Петер Брош се реши за следниве: Бурки, Шахин, Јармоленко, Геце, Толјан, Обамејанг, Филип,
Папастатопулос, Пижчек, Кастро и Топрак.

Како за потсетување, во првото коло од групата „Х“,
европскиот првак стартуваше со триумф на домашен терен над АПОЕЛ со 3-0, додека
пак Борусија Дортмунд загуби на Вембли кај Тотенхем со 3-1.
Група „Х“
Борусија Дортмунд – Реал Мадрид

АПОЕЛ – Тотенхем

Група „Ц“
Монако – Порто

Бешикташ – Лајпциг

Група „Ф“
Манчестер Сити – Шахтјор

Наполи – Феенорд

Група „Е“
Спартак Москва – Ливерпул

Севилја – Марибор

Извор/Фото-вест:
uefa.com