Дали расправијата помеѓу Кавани и Нејмар е преголем залак за Емери, стретегот одби да именува прв изведувач на пенали

by
1 минути читање

Несогласувањата
помеѓу Единсон Кавани и Нејмар би можеле да ја уништат сезоната на ПСЖ,
двајцата играчи имаат несогласување околу тоа кој треба да ги изведува
пеналите.

За Уругваецот ова
е петта сезона во Париз, и тој верува дека има доволно авторитет да биде прв
изведувач, но со ова не се согласува Нејмар, кој летово пристигна на Паркот на Принцовите за да биде неприкосновена
ѕвезда.

Двајцата во неколку наврати се натегаа на теренот кој да шутира, и истото би
можело да се случи и во иднина, откако Унаи Емери реши да не пресече и јасно да
ги постави работите.

На денешната средба со новинарите во пресрет на дуелот со Баерн во Лигата на
шампионите, стратегот во два наврати беше стрикно прашан кој е прв изведувач,
но тој одби да одговори конкретно.

На оваа тема,
Шпанецот само рече: „Имаме многу квалитетни изведувачи на пенали во тимот, а
јас би сакал тоа да го прават Кавани и Нејмар, кои ќе треба да ја делат
одговорноста
.

„Разговорав со
нив и им кажав како треба да функционираат работите во иднина
.

Останува да се
види дали потегот на Емери ќе ги смири страстите или пак расправијата помеѓу
Кавани и Нејмар ќе се покаже како преголем залак за стратегот.

Оваа недела имаше
најразлични шпекулации, од тоа дека Единсон Кавани одбил 1 милион евра за да му
ги препушти пеналите на Нејмар до намерно неиграње на Бразилецот против Монпеље
поради одбивањето на Уругваецот да го промени цврстиот став.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×