Магијата на Еден
Азар во нападот му има донесено голем број на победи на Челси, но тоа не е
доволно за Антонио Конте, кој бара целиот тим да помага во одбраната и ова е
клучно во неговата тактика.
Сепак, токму ова
го мрази Белгиецот, кој верува дека залудно се троши кога се враќа назад да
покрие.
„Не ви треба тоа
(да се враќате во одбрана). Слободно можете да го напишете тоа. Не му кажувајте
на Конте, но слободно можете да напишете дека тое е залудно” – вели Еден Азар во разговор со
Франс Фудбал.
„Ако премногу
помагате во одбрана, ќе се изморите”.
„Доколку се
враќам назад цел натпревар, можете да заборавите на мене по 60 минути, ќе бидат
бескорисен во финишот од средбата, иако јас сум прилично фит”.
„Има играчи кои
се задолжени за одбрана и други кои се задолжени за напад. Потоа менаџерот е
тој кои ги мести коцките”.
„Ако тој од вас
бара да помагате во одбрана, ќе го правите тоа, во спротивно ќе седите на клупа”.
„И јас помагам во
одбрана, иако не ми се допаѓа. Но морам да го правам со Антонио Конте на
кормилото”.
На долг рок ова може да преставува проблем за „Сините“. Еден Азар би можел да биде привлечен од Реал Мадрид, Барселона или ПСЖ, кои сигурно можат да му понудат поголема слобода во играта.