Следното лето Милан добива големо тренерско име, две опции се во игра

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ верува дека Винченцо Монтела нема долга иднина во Милан, и тимот ќе добие голем тренер следното лето.

Италијанскиот весник шпекулира со две имиња кои би можеле да го водат тимот од следната сезона, Антонио Конте и Карло Анчелоти.

Конте синоќа изјави дека не планира долго да остане во Англија бидејќи е носталгичен кон Италија. Милан е идеален проект за неговите амбиции.

Но, слободен ќе биде и Карло Анчелоти за кој се прогнозира дека нема уште долго да се задржи на кормилото на Баерн Минхен.

Анчелоти осум години беше тренер на Милан со кого два пати ја освои Лигата на шампионите, еднаш беше победник во Серија А.

Доколку Монтела во текот на сезоната добие отказ, раководството на Милан веројатно ќе бара привремено решение, а големото тренерско име со работа би стартувало од почетокот на следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×