За многумина одлуката на судијата да го исклучи Мурињо беше смешна, а ниту ФА не ја сфати сериозно.
Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да не му врачи дополнителна суспензија на Мурињо и тој ќе биде на клупата на следниот натпревар на Манчестер јунајтед.
„Кога го видов тоа на ТВ помислив дека е апсолутна шега. Ќе бев зачуден доколку добиеше суспензија или казна за тоа. Мислам дека судиите претераа со тоа што го испратија на трибина“ – вели поранешниот играч на Јунајтед и клупски амбасадор, Брајан Робсон.
„Не знам што мислат судиите. Во текот на минатата сезона Клоп и Конте многу често излегуваа од својата зона и газеа во теренот. Но кога тие го правеа тоа, беше нарекувано пасија. Жозе Мурињо само што стапна на теренот го исклучија“.
Мурињо и минатата сезона имаше неколку исклучувања од натпреварите, но тогаш добиваше и суспензии од по неколку натпревари.