Конте е носталгичен кон Италија, му недостасува својата земја и не планира долго време да работи во странство.
„Имам носталгија кон Италија. Не мислам да останам во странство премногу долго. Добро е да имате прекрасни искуства, но сакам да се вратам во Италија еден ден“ – вели Конте за италијанските медиуми.
„Кина? Не, апсолутно не. Бундеслигата? Тешко е да се предвидува иднината. Ајде само да речеме дека тренерската е привремена работа“.
„Зависи од резултатите, но мојата желба е да го дадам најдоброто од мене, да завршам еден проект, па потоа да најдам друг каде ќе продолжам. Ми недостасува Италија, тоа е факт“.
„Но ова искуство ми помага многу. Исто така сакам да станам и спортски директор во иднина“.
„Дали ние италијанците сме подобри тренери од англичаните? Па речиси и да нема англиски тренери во Премиерлигата“.
„Тука има од секаде, но секој е добар, подготвен и еден од најдобрите во светот“.