Манчестер јунајтед не седи мирен, подготвува „анти Мадрид“ договор за Давид де Геа

by
1 минути читање

На Олд Трафорд
изминатово лето пристигнаа Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ, а
Манчестер јунајтед исто така до последен момент се обидуваше да донесе и
офанзивен фудбалер за по крилните позиции.

Сега откако
заврши преодниот рок, „Црвените ѓаволи“ се фокусираат на задржување на играчите
кои се клучен дел од тимот на Жозе Мурињо, а прв на списокот е Давид де Хеа.

Голманот речиси
секое лето се поврзува со Реал, па Манчестер јунајтед подготвува „анти Мадрид“
договор за Шпанецот.

Лидерите на
клубот наскоро ќе се сретнат со агентите на играчот, и на маса ќе биде ставен
нов супер богат договор, за Давид де Хеа да не биде привлечен од идејата за
преселба на Сантијаго Бернабеу.

За Жозе Мурињо,
Давид де Хеа е недопирлив и еден од столбовите на новиот проект, па мора да му
биде обновен договорт по секоја цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×