Во пресрет на дуелот помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ, во рамките на Лигата на шампионите, стратегот
од клупата на германскиот првак, Карло Анчелоти се осврна и на Марко Верати,
кого лично тој го доведе во тимот од Париз пред пет години, а му замери за една
работа.
„Тој никогаш не сакаше да отиде во Барселона, целата таа
приказна е смешна, неговата цел беше и повеќе од јасна, да добие нов, побогат
договор. Го познавам многу добро, не сакам такво однесување, некои фудбалери
навистина сакаат да ги напуштат своите клубови, а некои го користат интересот
на другите за да извлечат подобар договор“ истакна Анчелоти.
Анчелоти сакаше да го доведе Верати и во Реал Мадрид, како и во Баерн Минхен, но не успеа во тие намери.